Мартин Цани, 14-годишниот фудбалер на Динамо од Тирана е убиен во близина на училишниот двор во главниот град на Албанија, јавуваат локалните медиуми. Цани бил избоден шест пати, што било фатално.
Динамо излезе со соопштение во кое изразува длабоко сочувство до семејството Цани и ја истакнува поддршката во овие тешки моменти:
„Бевме длабоко шокирани од трагичната вест за прераното заминување на нашиот играч Мартин Цани, член на тимот до 15 години. Претседателот Адријан Барди и клубот ФК Динамо Сити изразуваат искрено сочувство до семејството Цани и се со нив во овие многу тешки моменти, почивај во мир, Мартин“, стои во соопштението на клубот од Тирана.
Трагичниот исход дошол по тепачка меѓу две групи тинејџери.
Според написите, уште еден ученик се здобил со две убодни рани, но неговиот живот не е во животна опасност.
Martin Cani, që u vra nga bashkëmoshatari i tij pranë shkollës Fan Noli, ishte një futbollist me të rinjtë e Dinamos. Të gjithë thonë se ai ishte i talentuar dhe e dashuronte futbollin.
14-vjeçari e kishte luajtur dje ndeshjen e fundit me Dinamon.
Pamjet tregojnë momentet kur ai… pic.twitter.com/yEfsCuYrTi— JOQ Albania (@JoqAlbania) November 18, 2024
The post Во Тирана убиено 14-годишно момче, фудбалер на Динамо appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде