ноември 19, 2024

На 18.11.2024 во 13.45 часот во СВР Битола, 60 – годишна жена од Битола пријавилa дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра. Според пријавеното, пред околу четири месеци на фејсбук стапила во контакт со лицето, кое се претставило дека е со македонско потекло, дека е вработен во армијата на САД, а моментално на мисија во Сирија и дека сака да ја прекине мисијата. Како што е пријавено, лицето ја известило дека мора да уплати 10.000 евра доколку сака да ја прекине мисијата и побарало од неа да ги пушти парите на лице во Турција преку брз трансфер на пари затоа што додека бил на мисија немал пристап до неговата банкарска сметка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.11.2024 во 15.00 часот во СВР Битола, 36 – годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лица за сума од околу 1.000.000 денари. Според пријавеното, од 03.09.2024 до пријавувањето имал комуникација со лицето преку различни телефонски броеви, при што бил упатуван во повеќе наврати да внесува парични средства во неговиот виртуелен паричник, при што во наведениот период преку една платформа внел околу 1.000.000 денари, кои веќе ги немало на неговата сметка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Битолчанка измамена за 10 илјади евра преку Фејсбук appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK