Мерка притвор од 30 дена им е изречена на две млади лица поради опожарување возило во Охрид, информираат вечерва од Министерството за внатрешни работи.
Полициски службеници од ОВР – Струга вчера ги лишиле од слобода 24-годишниот стружанец В.М. и Р.А., 18-годишно лице од струшко Радолишта, откако на 8 ноември, 36-годишниот охриѓанец М.Г. пријавил дека пред неговата куќа во Охрид, опожарено било возило „бмв“, што тој претходно го управувал и го паркирал пред куќата.
„ Лицата се спроведени во полициска станица, а во службениот разговор, В.М. во целост го признал извршеното кривично дело. Денеска до ОЈО – Охрид е поднесена кривична пријава против двете лица за извршено кривично дело по член 288 од КЗ и од страна на судија на претходна постапка, на двете лица изречена им е мерка притвор од 30 дена“, појаснуваат од Министерството за внатрешни работи.
The post Еден месец притвор за двајца стружани за опожарување возило во Охрид appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде