Корисниците кои имаат пристап до новата функција се дел од бета тестот Phone by Google и користат телефони Pixel.
Една од функциите за вештачка интелигенција на Gemini, која Google ја објави претходно оваа година, е решение кое се бори против лажните телефонски повици.
Функцијата има можност да открие дали се работи за сомнителен повик додека е сеуште активен и да го предупреди корисникот за тоа, за да може што побрзо да ја прекине врската.
Откривањето измами со телефони во живо во моментов е достапно за Pixel 6 и поновите телефони, за корисници кои се дел од јавната бета-програма Phone by Google на англиски јазик.
Опцијата Scam Detection е стандардно оневозможена, а на корисникот му е дадена опција да ја активира или не.
Google не соопшти кога споменатата функција ќе излезе од бета тестирањето и кога ќе стане достапна на повеќе уреди со Android.
The post Ако се плашите од измами преку телефонски повици, Google има решение appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде