Microsoft со месеци ги преместува постоечките корисници на новиот Outlook за Windows, а сега објавија крај на поддршката за Windows Mail, Calendar и People, што ќе се случи на 31 декември.
Microsoft планира да ја прекине поддршката за Windows Mail, Calendar и People на 31 декември оваа година. Американскиот технолошки гигант со месеци ги префрла постоечките корисници на новиот Outlook за Windows, па оваа одлука не е премногу изненадувачка.
Откако ќе заврши поддршката, Microsoft предупредува дека корисниците повеќе нема да можат да испраќаат и примаат е-пошта со помош на Windows Mail и Calendar.
Како што пренесува The Verge, Microsoft со години постепено го пушта Outlook на веб за Windows, кој официјално стана достапен за сите корисници овој август. Новиот Outlook е дизајниран на крајот да ја замени верзијата за десктоп.
Постоечките инсталации на класичниот Outlook, преку трајни лиценци и лиценци за претплата, ќе продолжат да се поддржуваат најмалку до 2029 година, така што ќе помине некое време пред Microsoft целосно да ги префрли сите корисници на Outlook на новата верзија.
Прочитајте повеќе за плановите на Microsoft за новиот Outlook овде.
The post Microsoft најави крај appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде