ноември 23, 2024

Дијабетесот или шеќерната болест е хронична болест во која нивото на гликоза (шеќер) во крвта е покачено. Како што објаснуваат лекарите, оваа болест може да зафати многу делови од телото, вклучувајќи ја и кожата.

 

 

 

Кога дијабетесот влијае на кожата, тоа често е знак дека нивото на шеќер во крвта е превисоко.

 

Затоа, лекарите советуваат, доколку забележиме некој од следните предупредувачки знаци на нашата кожа, веднаш да одиме на преглед. Како што пренесува Index.hr, истражувањата покажале дека нелекуваниот дијабетес може да доведе до многу други здравствени проблеми како што се кардиоваскуларни и цереброваскуларни заболувања.

 

Промените на кожата кои може да укажуваат на дијабетес кај луѓето вклучуваат:

 

  • жолти, црвеникави или кафени дамки на кожата
  • темни дамки на кожата
  • тврда и задебелена кожа
  • плускавци
  • кожни инфекции и воспаленија
  • рани кои не зараснуваат долго време
  • ненадејна ерупција на мали, црвеникаво-жолти испакнатини
  • црвени мозолчиња или испакнатини слични на осип
  • екстремно сува кожа со чешање
  • жолтеникави лушпести дамки на и околу очните капаци
Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK