Аргентинскиот тренер Херардо Тата Мартино (61) поднесе оставка на функцијата во Интер Мајами и како причина за заминувањето ги наведе личните причини. Мартино освои најмногу бодови со тимот во кој играат Лионел Меси, Луис Суарез, Џорди Алба и Серхио Бускетс во регуларниот дел од сезоната, но сензационално по три натпревари испадна во првото коло од плеј-офот од Атланта јунајтед.
Откако во тимот донесе неколку поранешни ѕвезди на Барселона, МЛС клубот од Мајами ќе се обиде да доведе уште еден поранешен ас на каталонскиот тим и да го стави на тренерската позиција, пренесуваат шпанските медиуми.
Станува збор за Чави, кој како играч освои 25 титули со Барселона, а како тренер ги предводеше до титулата шпански шампион во сезоната 2022/2023. Моментално е без работа откако во мај годинава доби отказ од Барса.
Тогаш најави дека ќе паузира од фудбалот една година. Шпанските медиуми не се уверени дека Чави ќе биде новиот тренер на Интер Мајани, бидејќи претходно ги одби понудите од Манчестер јунајтед и Рома.
Освен Чави, меѓу кандидатите за преземање на МЛС тимот од Мајами се актуелниот селектор на Албанија, Силвињо, Хавиер Маскерано, Јоаким Лев, Френк Лампард, Јирген Клинсман…
The post Чави ја предводи листата кандидати за нов тренер на Интер appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде