Од попладнево нема да има јавен превоз во Скопје оти нема гориво за автобусите. ЈСП „Скопје” има долг кон фирмата добавувач „Пуцко петрол” и поради тоа веќе не се испорачува нафта.
Ќе можат да возат само автобусите на гас, односно 25 возила.
Вработени во ЈСП за СДК.МК велат дека автобусите веќе почнуваат да се исклучуваат од сообраќај оти во базите нема нафта.
„Во понеделникот имаше мала испорака, но долгот пак не е платен и нафта веќе не се носи во базите во Автокоманда и Ѓорче Петров”, велат вработени во претпријатието.
Од Град Скопје и од претпријатието нема никакво соопштение дека градот ќе остане без превоз и дека граѓаните ќе мора да се снаоѓаат за да се вратат дома од работа и од училиште.
Твитерџија попладнево напиша дека скопјани со часови чекаат автобус кај компекс банки.
Твитерџијата Мирчев сподели фотографија од неговиот профил за тоа како изгледа секојдневието на скопјани пред автобуските станици. Она што може да се забележи како десетици лица чекаат да пристигне било каков автобус на ЈСП.
„Моментално ЈСП е во колапс , по 100 луѓе има на постројкиве , а автобус ни за лек , еве си чекам веќе пола саат 5 ка… Дојде една пуна ко брод“, напиша тој.
Инаку фотографијата е направена пред комплексот банки спроти Веро центарот на една од најпрометните автобуски станици во Скопје. Ситуацијата со ЈСП е очајна, и тоа трае со денови. Скопјани со часови чекаат на автобуските станици и мрзнат.
The post Од попладнево ќе нема автобуси на ЈСП „Скопје“ – нема нафта appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде