Човекот кој вчера попладне го спасуваа пожарникари од под Камениот мост се фрлил во Вардар за да избега од полицијата.
„Слободен печат“ вчера објави видео од спасувачката акција на Камениот мост на кое се гледаше како човек гол до појас се нашол на еден од столбовите на мостот, отсечен од копното.
Според информациите на „Слободен печат“ од Министерството за внатрешни работи, човекот се нашол таму откако полицајци од интервентната единица го забележале како врши „дрска кражба“, односно како и крадe чанта на жена. За да се спаси од полицијата човекот скокнал во Вардар, но потоа останал заглавен на еден од столбовите.
Пожарникари донесоа скала за да го извлечат човекот на копно, а полицијата потоа го привела. Но, морала да го пушти затоа што кај него не било најдено ништо, а жената која била жртва, воопшто не го пријавила обидот за кражба во полиција.
The post Човекот кој вчера го спасуваа пожарникари на Камен мост се фрлил во Вардар за да избега од полиција appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде