Изминатото деноноќие полицијата апсеше за дрога на повеќе локации во Скопје. Се апсеше во угостителски објект во Центар, на Бит Пазар, во Ѓорче и Аеродром.
На 21.11.2024 во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Ч.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
На 21.11.2024 во 19.10 часот во Скопје, од угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Т.(35) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
На 21.11.2024 во 19.45 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Г.(28) од с. Долно Строгомиште, кичевско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.
На 21.11.2024 во 14.30 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.К.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
На 21.11.2024 во 16.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода В.П.(22) од Пробиштип, со престој во Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на сите одделни случаи ќе следува соодветен поднесок против сторителите.
The post Апсење во угостителски објект во Центар appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде