Милијардерот Илон Маск, кој го привлече вниманието со поддршката на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, е татко на дури 12 деца, а едно од нив има необично име.
Маск и неговата тогашна девојка, пејачката Грајмс, го објавија името на нивниот син X Æ A-12 во 2020 година, изненадувајќи многумина. На почетокот на месецов Маск даде интервју со Такер Карлсон, а во еден момент неговиот син упадна во кадарот и седна во скутот на својот татко.
Маск се насмевна и рече дека четиригодишното момче е негова мини верзија и додаде дека неговиот син го комплетира. Кога Карлсон го праша како се вика, X Æ A-12 го кажа неговото име и ги остави луѓето во чудо.
The post (Видео) Синот на Илон Маск откри како се изговара неговото име (X Æ A-12), ги остави луѓето зачудени appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде