ноември 23, 2024

По отворањето на Македонската вечер во рамки на „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград, премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање околу ситуацијата со градскиот превоз вели „овие 250.000 литри ќе бидат доволни за 10 дена, 2 недели, 3 недели но нема трајно да го реши проблемот со ЈСП“.

„Овие количини, овие 250.000 литри се веќе доставени до депоата на ЈСП. Денеска е нормализирана состојбата, и овие се позајмени количини затоа што во текот на вчерашниот ден менаџментот на ЈСП до Бирото за јавни набавки достави барање за реализирање на итна постапка за набавка на нафта по пат на преговарање. Од страна на Бирото за јавни набавки е одговорено позитивно. Овие 250.000 литри ќе бидат доволни за 10 дена, 2 недели, 3 недели но нема трајно да го реши проблемот“, изјави Мицкоски.

The post Нафтата што ја доби ЈСП ќе биде доволна за 2 недели, но нема трајно да го реши проблемот, вели Мицкоски appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK