ноември 23, 2024

Два дена откако беше погребан британскиот музичар Лиам Пејн, „Дејли Мејл“ објави фотографија – последна од животот на пејачот, направена само неколку минути пред неговиот фатален пад од третиот кат на хотелот во Буенос Аирес.

Моментот снимен на безбедносните камери отвори нови прашања: дали ова е доказ дека трагедијата можела да се избегне и дали акцијата на тројцата мажи, кои го носат на фотографијата, е причината поради која Британецот се обидел да се спушти на терасата за да го избегне обезбедувањето.

Како што „Дејли Мејл“ ја толкува фотографијата, очигледно тројца вработени во хотелот го подигнале пејачот бидејќи, според очевидци, имал грчеви додека лежел на подот од фоајето. Потоа го однеле во неговата соба во лифтот.

Се поставува прашањето зошто го преместиле ако бил во толку лоша состојба и зошто веднаш не повикале брза помош.

Временскиот печат на фотографијата покажува 16:54:48 часот, а на кобниот 16 октомври, нешто по 17 часот, Пејн паднал од висина од 13 метри од балконот на својата соба. Тој починал на лице место.

Во 17:11 часот пристигнала Брзата помош и констатирала смрт. Обдукцијата покажала дека пејачот се здобил со повеќе повреди кои предизвикале внатрешно и надворешно крварење.

Токсиколошкиот извештај откри траги од алкохол, кокаин и антидепресиви.

Сега се сомнева дека поранешниот член на попларната група „Уан дајрекшн“ (One Direction) паднал од балкон во обид да го напушти хотелот незабележано – трик што често го користел во тинејџерските денови во групата и кој го повторувал на Флорида еден месец пред оваа несреќа за да го избегне обезбедувањето,

Според камерите, тој ден во 15:53 ​​часот, пејачот влегува во хотелот со својот пријател Роџер Норес. Носи црна капа и мала чанта. Тој разговара со фановите во ходникот, а потоа оди во својата соба со Норес.

Неколку минути подоцна, двајцата се враќаат во лобито. Пејачот има лаптоп, но ги остава капата и чантата во собата. Норес се збогува со Лиам и го напушта хотелот. Пејачот изгледа добро расположен. Во 16:26 седи во фоајето и го користи својот лаптоп. Две минути подоцна оди во собата и се враќа. И тоа го повторува. Секогаш кога ќе се врати, неговото однесување е се’ понеобично.

Сведоците велат дека во еден момент тој извикал: „За*би ова, другар“, а потоа го фрлил лаптопот на подот.

Потоа има видео со трите лица кои го носат. На фотографијата јасно се гледа дека Лиам додека го враќаат назад во собата, нема ниту црна капа, ниту чанта.

Хотелот повикал брза помош неколку минути откако пејачот бил однесен во неговата соба.

Меѓутоа, кога итната помош го пронашла неговото тело, тој со себе имал капа и чанта.

Share

The post Се појави нова фотографија од Лиам Пејн направена неколку минути пред неговaта смрт appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK