Кошаркарскиот клуб Барселона најде замена за повредениот Николас Лапровитола. Аргентинецот поради тешка повреда ја заврши сезоната. Во Барселона на неговото место дојде поранешен НБА кошаркар.
Договор со Барселона до крајот на сезоната потпиша 32-годишниот Бразилец, Раул Нето.
Бразилецот помина осум сезони во НБА, каде одигра 464 натпревари за Јута Џез, Филаделфија, Вашингтон Визардс и Кливленд Кавалирс.
Тој имаше просек од 5,7 поени со 2,1 асистенции и 1,5 скока за околу 15:30 минути по натпревар во регуларниот дел од сезоната.
Во Барса пристигна од Пињерос, каде по рехабилитацијата од повредата во пет натпревари во бразилската лига просечно бележеше 16,8 поени со 5 асистенции, 3,2 скока и 1,6 украдени топки.
Ова нема да му биде прво искуство во Шпанија, бидејќи претходно играше за Сан Себастијан (2011-2014) и Мурсија (2014-2015) пред да замине во НБА.
Нето летото 2023 година потпиша договор со Фенербахче, но не играше за Турците бидејќи се повреди на Мундијалот, а потоа спогодбено го раскина договорот.
Важно за Барса е што Нето добро го познава дефанзивецот Томаш Саторански со кој беше соиграч во Визардс, а се очекува да дебитира во четврток во Евролигата, во дербито против Реал Мадрид.
The post Барселона најде замена за повредениот Лапорвитола appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде