ноември 25, 2024

Парис Хилтон за време на гостувањето во шоуто Зак Санг изјавила дека никогаш не била подложена на никакви козметички зафати.

„Горда сум што сум целосно природна. Се држев настрана од сонце. Никогаш не сум инјектирала ботокс ниту сум имала каква било операција”, изјавила 43-годишната манекенка и претприемач.

Таа додаде дека нејзината мајка ја научила како да се грижи за својата кожа во детството. „Кога имав осум години, мајка ми ми рече: Парис, биди подалеку од сонцето“.

„Потоа ме внесе во неверојатна рутина за нега на кожата од 10 чекори, па буквално го правам тоа од својата осма година“, додаде таа.


Share

The post Парис Хилтон: Горда сум што сум сосема природна, се криев од сонцето appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK