ноември 26, 2024

Раперот Канје Вест се соочува со нови обвинувања. Џен Ен, модел од шоуто America’s Next Top Model, го обвини за сексуална злоупотреба за време на снимањето на спот.

Според медиумите, инцидентот се случил во 2010 година во хотелот Челзи во Њујорк. На снимката Вест наводно им наредил на актерките да се наредат во ходникот, а потоа го вперил прстот кон Ен и им рекол „да му ја дадат оваа девојка од Азија“.

Во својата тужба, Ен наведува дека и било наредено да седне на стол, по што Вест почнал да ја малтретира. „Ова е уметност. Јас сум како Пикасо“, наводно викнал, ставајќи ја раката околу нејзиниот врат.

„Потоа и ја ставил другата рака околу вратот и продолжил да ја дави, симулирајќи орален секс“, се наведува во тужбата.

Манекенката накратко се онесвестила поради недостаток на воздух, а лицето потоа и било покриено со плунка. Обвинението ги опишува постапките на Вест како „порнографско давење“.

Според обвинението, се се случило на снимањето на спотот за песната In For The Kill, која Вест ја сними со поп дуото La Roux. Во финалниот спот го нема ниту Вест, ниту Ен.

Share

The post Канје Вест обвинет за сексуална злоупотреба: „Ја давеше, таа се онесвести“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK