ноември 26, 2024

Кошаркарскиот сојуз на Литванија ја одби опцијата да го натурализира играчот на Лос Анџелес Лејкерс, ДиАнџело Расел.

Плејмејкерот истакна дека е заинтересиран да игра за репрезентацијата на Литванија бидејќи неговата девојка Лаура Иваниускас со која има две деца е со литванско потекло.
Расел бил видно заинтересиран да добие литванско државјанство, па во својата објава на социјалните мрежи напиша „ајде да го направиме тоа“.

Желбата нема да му биде исполнета, бидејќи Литванците немаат намера на Расел да му дадат државјанство со кое би имал право да настапува за оваа репрезентација.

„Одлуката на стручниот штаб на националниот тим и селекторот Римас Куртинаитис, како и менаџерот на репрезентацијата Линас Клеиза е дека нема потреба да биде ангажиран Расел. Нивниот став е дека Литванија треба да се сврти кон кошаркарите од сопствената земја. Ако мене ме прашувате тоа е вистинскиот пат“, изјави претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Литванија, Миндаугас Балциунас.

Инаку, Литванците во својата репрезентација имаат еден играч кој потоа добил државјанство, тоа е Игнас Браздеикис, кој е роден во САД, но неговите родители се Литванци.

Во својата трета сезона во Лос Анџелес Лејкерс, Расел има просек од 11,5 поени со 4,9 асистенции и 2,3 скока за околу 27 минути на паркетот.

Share

The post Литванците немаат намера да го натурализираат ДиАнџело Расел appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK