ноември 26, 2024

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска официјално ја започна употребата на шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас (CNG), како дел од проектот „ЕУ за чист воздух“, со кој Европската унија ги поддржа напорите за намалување на аерозагадувањето во Македонија.
Проектот е вреден 10 милиони евра и ќе има значителен придонес во подобрувањето на квалитетот на воздухот во земјата, особено во периодите кога загадувањето е најголемо, како што е случајот по почетокот на грејната сезона. Михаил Рокас, амбасадор на Европската унија во Македонија, изјави дека оваа донација е важен чекор во справувањето со еколошките предизвици кои имаат долгорочни последици врз здравјето на граѓаните.

„Ова е само еден од начините на кои го поддржуваме јавниот транспорт, кој е една од главните причините за високото ниво на емисии на јаглерод диоксид. Со овие нови автобуси на природен гас, ќе овозможиме помалку загадување, што ќе помогне да се намали негативниот ефект врз здравјето на луѓето,“ рече Рокас на церемонијата на примопредавањето на автобусите во Дирекцијата на ЈСП.

Проектот ги опфаќа не само Скопје, туку и Битола, Куманово и Тетово – градови кои се соочуваат со зголемено аерозагадување. Европската унија продолжува да инвестира во зелени решенија и модернизации на јавниот транспорт во земјите кандидатки, со цел да се намалат емисиите и да се подобри животната средина за сите.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK