Минатата година скопјани се изначекаа за да го видат главниот град украсен во новогодишно руво, бидејќи елката и оскудните украси во центарот на Скопје се поставија само 10 дена пред дочекот на новата година.
Поради големиот број реакции на граѓаните, градоначалничката Данела Арсовска, тогаш изјави дека нареднава година со време ќе го почне процесот на украсување на градот.
На денешната прес конференција Арсовска покрај другото одговори дека постапките за новогодишното украсување на главниот град се започнати и наредната недела ќе има повеќе информации.
Останува да видиме дали навистина оваа година навреме ќе биде украсен градот или повторно ќе остане неосветлен и последни ќе ја накитиме новогодишната елка.
The post Ќе има ли новогодишно украсување на Скопје: Арсовска на прашањето appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде