Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити на пресконференција објави дека Владата на денешната седница одвоила 20 милиони евра за изграба на подземна гаража кај плоштадот Скендербег во Скопје. Меџити посочи дека новата гаража ќе има 371 паркинг места распоредени на две подземни нивоа со вкупна површина од повеќе од 13.000 квадратни метри.
„Во подземната гаража ќе бидат обезбедени и адекватни паркинг места за лица со посебни потреби. Со таа инвестиција се заокружува плоштадот Скендербег и се демонстрира нашата посветеност кон решавање на инфраструктурните предизвисци со кои се соочува нашиот главен град, Старата скопска чаршија, општина Чаир и општина Центар“, рече Меџити.
Нагласи дека изградбата на оваа гаража е од особено значење за чаршијата и за Чаир и ќе го реши долгогодишниот проблем со недостиг на паркинг места во овој дел од градот со што се очекува зголемување на бројот на туристите во Старата чаршија.
„Во наредниот период ќе работиме проектот да биде реализиран во најкраток можен рок и со највисок квалитет. Ќе обезбедиме транспарентност и отчетност во сите фази од реализацијата со цел да ги оправдаме довербата и очекувањата на граѓаните“, рече Меџити.
Во одговор на прашање рече дека наскоро ќе биде објавен тендерот за изградба и додаде дека очекува градежните работи да почнат на почетокот на следната година.
The post Ќе се гради подземна гаража кај Скендербег, Владата одвои 20 милиони евра appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде