ноември 26, 2024

Со правописни грешки на албански и македонски јазик на ориентационите налепници стигнале новите автобуси на природен гас кои Европската Унија ги донираше за ЈСП.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање известија дека грешките се веднаш воочени и изготвени се нови налепници од страна на УНОПС, кои ќе бидат заменети пред пуштањето во употреба на шестте еколошки автобуси, наменети за подобрувањето на квалитетот на воздухот во градот Скопје.

Автобусите се донацијата во рамките на проектот „ЕУ за чист воздух“, вреден 10 милиони евра, кој се очекува да придонесе кон намалување на загадувањето, а ги опфаќа најмногу загадените градови во земјата – Скопје, Битола, Куманово и Тетово

The post Шесте автобуси на гас стигнаа со правописни грешки на налепниците за ориентација, нарачани се нови налепници appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK