Алармот е вклучен на „Етихад“, Манчестер сити не успеа да го победи Феенорд во Лигата на шампионите и покрај тоа што имаше предност од три гола до 75.минута. На крајот грешките на Јошко Гвардиол му овозможија на Феенорд да избори реми 3:3.
Манчестер сити не успеа да ја прекине лошата низа, по петте порази во сите натпреварувања, одигра нерешено против Феенорд во петтото коло во Лигата на шампионите.
Ако Гвардиола до овој натпревар изјавуваше дека не е загрижен, по дуелот со холандскиот тим ќе мора да го вклучи алармот. Очигледно е дека многу работи не функционираат во играта на неговиот тим.
„Граѓаните“ го отворија резултатот во 44.минута кога Халанд погоди од пенал. Норвежанецот во 50. минута зголеми на 2:0, а три минути подоцна Гундоган го постигна третиот гол.
Потопот на Сити започна во 75.минута кога Хаџи-Муса го намали резултатот, во 82. Сантијаго Хименез го врати Феенорд во игра, а Словакот Ханцко во 89.минута ги шокираше и навивачите и играчите на Сити.
По пет руни Сити има осум, а Феенорд седум бода.
The post (Видео) Манчестер сити водеше со 3:0, на крајот освои само еден бод appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде