Англискиот фудбалски судија Дејвид Кут ги отфрли обвинувањата дека намерно му покажал жолт картон на играч на Лидс пред пет години, откако претходно разговарал за оваа работа со негов познаник.
„Силно ги отфрлам овие лажни и клеветнички наводи. Без оглед на проблемите што ги имав во мојот приватен живот, тие никогаш не влијаеле на моите одлуки на теренот. Секогаш сум го почитувал интегритетот на играта, судејќи ги натпреварите непристрасно и најдобро што можев“, рече Кут.
Според британскиот весник „Сан“, пред натпреварот, познаник му рекол на Кут да му покаже жолт картон на тогашниот играч на Лидс, македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски за да може да се обложи на таа опција. Следната вечер Алиоски доби жолт картон во 18. минута.
Натпреварот помеѓу Лидс и Вест Бромвич (1:0) се одигра во октомври 2019 година.
Истрагата за овој случај ја води Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
„Ова се многу сериозни обвинувања и ние итно ги истражуваме“, изјави портпаролот на ФА.
Кут неодамна беше суспендиран откако на социјалните мрежи се појави видео на кое тој дава погрдни коментари за поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп.
The post Котроверзниот Дејвид Кут негира дека намерму му покажал жолт картон на Алиоски appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде