Ален Зекиров, некогашниот телохранител на ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков го доби судскиот спор против Министерството за внатрешни работи за неговиот отказ, пишува Призма.
Граѓанскиот суд пресече, а Скопска апелација потврди дека отказот што го добил во 2018 година бил незаконски.
Граѓанскиот суд пресече, а Скопска апелација потврди дека отказот што го добил во 2018 година бил незаконски.
„Влегол со толпа граѓани во Собранието на РСМ и не презел дејствија со цел на заштита на животот на полициските службеници, граѓаните и имотот, спротивно на член 13 од Законот за полиција“, пишува во пресудата.
Зекиров бил упорен во докажувањето дека отказот му е незаконски. Првин се обидел преку Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос да го поништи отказот и предметот повторно се нашол пред дисциплинската комисија. Таа повторно го потврдила отказот.
Незадоволен од ваквата одлука на МВР, тој во 2020 поднел тужба против решението на МВР. Граѓанскиот суд пресудил дека Зекиров е во право, а апелациските судиите лани во февруари ја потврдиле пресудата.