ноември 27, 2024

Од денес приватните превозници престануваат да сообраќаат по градските улици. Илир Исени од Советот на приватни превозници, најави дека од денеска целосно ќе престанат да сообраќаат приватните автобуси, пренесува ТВ21.

Како причина се посочува што претседавачот на советот на Град Скопје, Трајко Славески, не го стави на дневен ред нивното барање за зголемување на таксата по километар.

Од денеска нема да сообраќаат линиите на приватните превозници со броевите 9, 11, 11а, 12, 19, 20, 22, 23, 45, 52, 54, 61, 63 и 73.

The post Од денес приватните превозници престануваат да сообраќаат appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK