септември 23, 2024

Во последните денови главна вест во светот на спортот беше трансферот на Кристијано Роналдо во Ал Наср. Ова е еден од најбогатите трансфери во историјата на спортот. За две и пол сезони во Саудиска Арабија, Португалецот ќе заработи неверојатни половина милијарда евра, бидејќи неговата плата ќе биде околу 200 милиони евра по сезона, во која се вклучени спонзорските договори и приходите.

Колку Роналдо е голем бренд во светот на фудбалот покажува видео кое доаѓа од Саудиска Арабија. Имено, вчера се одигра натпреварот помеѓу Ал-Итихад и Ал-Хилал. Некој би рекол дека овој натпревар нема никаква врска со славниот Португалец, но во него се случи една симпатична ситуација.

2 hinchas invadieron el campo de juego durante el partido entre Al Ittihad-Al Hilal y celebraron con el SIUUUU de CR7

La multitud acompañó a los mejores invasores de todos los tiempos . ¡Efecto CR7! pic.twitter.com/Z6Zeikw8T8

— Nelson Rene (@NelsonReneOk) January 6, 2023

Во еден момент двајца навивачи истрчаа на теренот за време на споменатиот натпревар и ја имитираа познатата прослава на голот на Роналдо наречена „сиииууу“.

Роналдо ќе мора уште малку да почека за дебито за Ал Наср, поради суспензијата од два натпревари што ја заработи додека настапуваше за Манчестер Јунајтед, а истата ќе ја одлежи во Саудиска Арабија. Роналдо треба да дебитира за својот нов клуб на 21 јануари кога ќе го пречекаат Ал Етифак.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK