ОДОБРЕНА ЕДНОКРАТНА ФИНАНСИСКА ПОМОШ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА МАЛАТА ТЕОДОРА
На денешната седница на советот на општина Дебрца беа усвоени дополнувањата на Правилникот за доделување на еднократна парична помош, со што се создаде можност на предлог на Комисијата за финансирање и буџет градоначалникот на општината да донесе решение за доделување на еднократна парична помош, во износ од 30.000 денари, за лекувањето на малата Теодора Петреска.
Посакуваме Теодора да се излекува и да биде како сите други дечиња, да има среќно и безгрижно детство
Следете не, не има насекаде