ноември 28, 2024

Интегрален текст од соопштение на Левица:

Иако ДПМНЕ ветуваше дека домаќински ќе работи на локално ниво пред локалните избори, иако се жалеше дека претходното раководство ја донела локалната самоуправа пред банкрот, дека буџетот бил празен, фактите говорат сосема друго, Општина Илинден за викенд обука за 20 лица успеала да потроши неверојатни 9000 евра народни пари.

Според нас, како политичка партија, се работи за луксузен туристички викенд под превезот на обична обука бидејќи за овој престој во луксузен хотел со 4 ѕвезди во странство, со јадење, пиење, со превоз со високо туристички автобус, се потрошиле речиси 9000 евра народни пари.

Интересен факт е тоа што обуката ја крстиле “Ефикасно управување со буџетите на локалната самоуправа: Решенија и предизвици”, што сосема се коси со начинот на реализација бидејќи се работи за очигледно расипништво и душманско расфрлање со народните пари.

На жителите на Општина Илинден им е јасно зошто во општината нема канализација, зошто улиците се во катастрофална состојба со дупки, зошто градинките добиваат спонзорства од кладилниците, зошто жителите се лечат во полураспадната амбуланта, а тоа е токму поради ваквиот начин на луксузирање на локалните власти предводени од ДПМНЕ.

Општината, за да постапи домаќински и економично, требала обуката да ја реализира во рамки на работното време на службениците и во рамки на самата институција, но за жал тие се одлучиле да патуваат и да се гоштеваат во Република Србија, Нови Сад.

Локалните избори се ближат, жителите на Илинден ќе имаат можност за брзо време да го казнат ваквото расипништво на ДПМНЕ во Општина Илинден!

The post Левица: Општина Илинден се луксузира со народни пари, потрошени речиси 9000 евра за 3-дневна обука во Нови Сад appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK