ноември 28, 2024

На 27 ноември 2024 година, во 13:40 часот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај во Гостивар, при обезбедување на лице место на сообраќајна незгода на магистралниот пат Гостивар-Кичево, го лишиле од слобода Е.К. (29) од село Велешта, Струга.

Лицето управувало возило „Голф“ со струшки регистарски таблици и поминало преку стапалото на полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Повредениот полициски службеник добил медицинска помош во Ургентниот центар во Гостивар. На местото на настанот увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

The post 29 годишник прегазил полицаец преку нога на патот Гостивар-Кичево appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK