ноември 28, 2024

Скопјани утрово го дишат најзагадениот воздух во Европа, според податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот IQAir. Индексот на загадување изнесува 161, а воздухот е означен како нездрав.

Најзагаден град во светот е Лахор по што следуваат Делхи, Каиро, Скопје, Букурешт, Мумбаи, Астана…

Високите вредности на загадувањето, според експертите, имаат сериозен ефект на здравјето на граѓаните. Здравствените ефекти од ПМ честичките се јавуваат по вдишување на истите. Зависно од нивната големина, суспендираните честички може да навлезат во белите дробови и крвотокот и да предизвикаат негативни ефекти врз респираторниот, кардиоваскуларниот, имунолошкиот и нервниот систем. Колку се поситни честичките, толку подлабоко навлегуваат во белите дробови.

Препораките на надлежните се да се избегнува подолг престој на отворено, а до граѓаните се апелира повеќе да се потпираат на јавниот превоз и да ги остават автомобилите во своите домови.

Засега не се изречени мерки за ослободување од работа на граѓаните кои спаѓаат во ранливите категории кога е во прашање здравствената состојба иако со денови воздухот во Скопје бележи високи нивоа на загаденост.

The post Скопје утрово прв град во Европа по загаденост на воздухот – Трет во свет appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK