Втор пат одо почетокот на овој месец, поранешниот фудбалер и спортски директор на Реал, Предраг Мијатовиќ, упати жестоки критики кон тренерот на „кралскиот клуб“, Карло Анчелоти.
Мијатовиќ се огласи по синоќешното бледо издание на „Енфилд“ и поразот од Ливерпул 2:0 во петтото коло, во Лигата на шампионите.
Неодамна, по поразот од Милан, тој изјави дека „Анчелоти ја загубил контролата над тимот“. На таа изјава синоќа го потсетија шпанските новинари, а тој рече:
„Сè уште го мислам истото. Ситуацијата е комплицирана бидејќи има многу повредени играчи, а тоа е најлошото нешто за секој тренер. Имам чувство дека ги слуша гласовите наоколу и сака да ги задоволи сите. Кога ќе слушне „овој фудбалер не игра многу“, решава да му даде минутажа. Тоа доаѓа од неговата филозофија за разбирање на фудбалот. Кога клуб толку голем како Реал Мадрид ќе се најде во ситуација да прави компромиси, тогаш се случува она што сега се случува. Не се сите во тимот задоволни и тимот не бележи добри резултати“.
Во моментов славниот Црногорец не гледа решение за излез од кризата.
„Нема потреба да се бара виновникот и да се покажува со прст, но впечатокот е дека тренерот го испушти тимот. Жал ми е за Реал. Изгледаше како тим кој не се ни обиде да се врати во игра. Не знам дали овој тим веќе има способност да реагира и дали Анчелоти има капацитет да ја рестартира ситуацијата и повторно да ги мотивира играчите“, изјави Мијатовиќ.
The post Мијатовиќ: Анчелоти нема капацитет да го извлече Реал од оваа криза appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде