бил направен посебен простор со редни камени, со правоаголна форма, каде што била поставена последната жртва на покојникот.
– Сакам да напоменам дека во оваа могила се погребани три индивидуи. Значи централниот гроб, заради кој се подигнала оваа могила и врз која е подигната камената конструкција. Се работи за голем гроб, димензиите му се 3,30 на 2,30 метри, длабок е половина метар и се разликува по тоа што во него не пронајдовме остатоци од кремација. Трите гроба се кремација, односно покојниците биле спалувани. Но овде е запазен ритуалот, односно гробната јама пред положувањето на покојникот била горена за да се исчисти од злите духови и во централниот дел од гробната јама е ископано посебно лежиште, каде била поставена урната, рече Секулов.
Археолиозите Секулов и Штерјов велат дека централниот гроб на оваа могила бил ограбен уште во времето на антиката, многу брзо после погребувањето. Штерјов најави дека по откриевањето на ваквите ретки наоди ќе достават проект до Министерството за култура и туризам, со цел да се конзервираат двете гробници и да се добие уште една туристичка понуда во Општина Карбинци, покрај археолошкиот локалитет „Баргала“.
Следете не, не има насекаде