Главната асоцијација со спортот и спортистите е здравиот живот. Доколку не спаѓате во оваа категорија, добрата вест е дека и кратките вежби можат да ви го „продолжат животот“. Како тоа го прават и кои вежби од само три до четири минути можат да помогнат, ќе објасниме понатаму во текстот.
Имено, Универзитетскиот центар Чарлс Перкинс во Австралија новото истражување го базираше на „енергичниот секојдневен начин на живот“, или како што го нарекуваат со кратенка VILPA, односно како можат да помогнат кратките вежби од само три до четири минути, пренесува Science Daily. Научниците го истражувале т.н „порив на енергија“ во секојдневните животни ситуации, како што е оној краток момент на енергија кога трчаме по автобусот и си играме со кучето, активност со висока енергија која трае само три минути.
Истражувачите заклучиле дека овие кратки активности кои траат од три до четири минути дневно доведуваат до дури 49 проценти подобрување на кардиоваскуларните органи, бидејќи како што велат „го продолжуваат животот“.
– Неколку многу кратки напади на енергија од вкупно три до четири минути дневно би можеле да бидат многу, а има и голем број други дневни активности кои би можеле да се прилагодат за да се зголеми пулсот – вели Емануел Стаматакис, водач на проектот.
Исто како кога пиете чаша вода кога сте жедни и на тој начин го освежувате телото, овие активности влијаат и на вашето срце. Секоја дневна активност може да се пренасочи во овој тип на енергија, па затоа внимавајте кога имате можност да трчате или скокате и направете го тоа, бидејќи дефинитивно е подобро отколку да доцните на автобус.
Следете не, не има насекаде