ноември 21, 2024

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со своето потесно семејство и со отецот Оливер од Хуманитарна организација  “Свети Спас”, денес, на најголемиот христијански празник Божик, делеа хуманитарни оброци на лица од социјален ризик. Богатата Божикна трпеза не смее да отсуствува во ниедно семејство. Христијански е да им овозможиме на оние кои имаат помалку да ја почувствуваат празничната радост и да знаат дека некој мисли на нив, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски, честитајќи го Христовото раѓање.

-Знаеш дека си направил нешто кога поколенијата ги следат нашите чекори!

Со Ведран, мојата гордост, и сопругата Мартина денес во црквата ,,Св. Спас” заедно Хуманитарна организација  “Свети Спас” и отец Оливер делевме оброци.

За Божиќ секое семејство заслужува богата трпеза, заслужува секој барем за миг и покрај сѐ, и покрај сѐ да знае дека не е сам и дека има таму некој кој мисли и на оние на кои ретко кој помислува. На тоа, нѐ учи Христијанството.

Ние се потрудивме денес да усреќиме голем број на семејства за кои судбината можеби не била на нивна страна. И ова е само капка во океанот од нашата мисија – да се погрижиме во нашата Кисела Вода да нема повеќе луѓе кои ќе имаат потреба од помош, туку да овозможиме нормални услови за живот. Денес не го правам ова како градоначалник, туку како човек, како што нѐ учи верата и традицијата – да правиме добро за добро да ни се случува.

Со малку, ќе изнудиме многу насмевки!

Да бидеме луѓе помеѓу луѓето – честит Божиќ на сите, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

The post Хуманитарни оброци за лицата од социјален ризик во општина Кисела Вода appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK