декември 25, 2024

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски присуствуваше на одбележувањето на празникот Бадник во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Пред присутните граѓани меѓу кои и здравичарот Иванчо Стефков, бадникарскиот кум за 2023 година Мојсо Мојсовски и кумовите Драган Спасов Дац и Александар Митевски, Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска свое обраќање имаше градоначалникот Горан Герасимовски.
„Денешниот празник Бадник и утрешниот Божиќ, денот на Христовото раѓање се празници кои не зближуваат со нашите најголеми богатства, а тоа се нашите семејства, нашите роднини и пријатели. Во таа чест дозволете ми да ви посакам убави празнични денови. Да ги одбележите во спокој, љубов и благосостојба и ви посакувам секој во себе да пронајде душевен мир и постојано да го има во себе. Имајте убава Бадникова вечер, да се обидеме да правиме добри дела, да помогнеме онаму каде што треба затоа што најважно е чувството и солидарноста меѓу нас“, порача Герасимовски.
Герасимовски исто така истакна дека важно е одржувањето на традицијата и вредностите кои треба да се негуваат и пренесуваат на младите генерации.
За крај тој им посака среќен Бадник, честит Божиќ и здравје на сите граѓани.

The post Герасимовски: Бадник и Божиќ се празници кои не зближуваат со нашите најголеми богатства, семејствата, роднините и пријателите appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK