Полициски службеници вчера ја лишиле од слобода Н.И., на возраст од 47 години од Кавадарци, постапувајќи по пријава од вработена во финансиско друштво, дека се обидела со туѓа лична карта да подигне парични средства, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Таа била приведена во полициска станица, а личната карта ѝ била одземена.
По документирање на настанот, против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава.
The post Кавадарчанка сакала со туѓа лична карта да подигне пари appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде