Педесет и тригодишна кавадарчанка вчера пријавила дека од 5 ноември до денот на пријавување, И.Т. во повеќе наврати на социјални мрежи ја вознемирувал со објави против неа, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Според пријавеното, во една прилика отишол и на нејзиното работно место во Кавадарци ѝ се заканил и се обидел физички да ја нападне, но, бил спречен од другите вработени, појаснуваат од СВР – Велес.
Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
The post 53-годишна кавадарчанка пријавила вознемирување со објави против неа, закана и обид за физички напад appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде