декември 5, 2024

Над 1.200 ученици го формираа најголемото македонското знаме, објави денеска градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

„Стоиме заедно обединети под светлината на нашето македонско знаме! Во црвено и жолто, го формиравме најголемото македонско знаме! Благодарност до Андријана Јаневска која на маестрален начин ја изведе нашата македонска химна! Со особена гордост го одбележуваме овој значаен момент формирање на македонското знаме, кое е симбол на независноста, заедништвото и достоинството. Тоа нѐ повикува да бидеме обединети, горди и одлучни во зачувување на нашите вредности. Знамето и химната се симболи на државност и секој еден од нас треба да се идентификува и да ги почитува националните симболи на Република Македонија. Овој чин нѐ прави горди и говори за љубовта кон татковината и почитта кон нејзините историски вредности. Развивање на чувството кај младите луѓе да си ја сакаат, почитуваат, штитат и чуваат татковина, и да ги почитуваат сите нејзини национални белези и симболи за нас е важен момент. Македонија вечна“, пишува Костовски во својата објава.

The post Над 1.200 ученици го формираа македонското знаме, а Андријана Јаневска ја изведе македонската химна во Бутел appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK