декември 5, 2024

Општина Центар денеска работи на чистење на две критични диви депонии – под Кале и на крак од улицата „Самоилова”, зад Американската амбасада, соопштија од општината.

„ Со механизација, багери и камиони, беше подигнат крупен отпад и шут, кој со години наназад претставува сериозна закана за животната средина и здравјето на жителите. Се работи за локации кои и покрај постојаните интервенции на општината, постојано се полнат со смет и отпад, и буквално преку ноќ се претвораат во жаришта на загадување и извор на потенцијални здравствени ризици. Паралелно со оваа акција, вчера службите на ПОЦ интервенираа и во Маџир Маало, каде што по пријава од граѓаните беше целосно расчистено уште едно сметиште“, се вели во соопштението на општината

Од таму посочуваат дека пред само дваесетина дена на барање на жителите беше расчистена и долгогодишната депонија во близина на Ист Гејт Мол.

„Чистотата е наша заедничка обврска! Сите мораме активно да придонесуваме за одржување на уреден и здрав град. Ова е борба која сите нас не засега”, вели Герасимовски.

Општина Центар и градоначалникот Герасимовски апелираат до граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота, да не го оставаат отпадот на недозволени места и со своето однесување да придонесат за создавање на чиста и здрава животна средина.

The post Општина Центар со багери расчистува диви депонии под Кале и кај Американската амбасада appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK