мај 5, 2026

Фудбалерите на Арсенал го победија Манчестер јунајтед (2:0) во дербито од 14. коло на Премиер лигата.

„Топџиите“ до триумфот стигнаа по два корнери. Најпрвин погоди Јуријен Тимбер во 54. минута, а потоа и Вилијам Салиба во 73. минута.

Екипата на Микел Артета го дели второто место со градскиот ривал Челси. Двата тима имаат по 28 бодови, седум помалку од лидерот Ливерпул.

Јунајтед падна на 11. позиција која ја држи со 19 бодови, а ова е прв пораз на Рубен Аморим на клупата на „црвените ѓаволи“.

Инаку, Арсенал и Јунајтед на 11.јануари ќе играат на исто место но во ФА Купот. Јунајтед во следното коло ќе го пречека Нотингем Форест, додека Арсенал ќе му гостува на Фулам.

Share

The post (Видео) Арсенал со два корнери го „скрши“ Манчестер јунајтед appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK