мај 5, 2026

На 05.12.2024 во 00.10 часот во угостителски објект во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода сопственикот на објектот Б.З.(20), вработениот А.С.(20) и Р.Д.(20), тројцата од Гостивар. При претрес во објектот, во кој биле затекнати тројцата, извршен со судска наредба, во објектот и кај вработениот биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицата биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

The post Претрес во Гостивар, пронајдена дрога appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK