По преземени мерки и активности, вчера полицијата го пронашла Д.С.(55) од селото Пепелиште, Неготинско.
Со него бил извршен службен разговор во полициска станица поради сомнение дека на 3 декември околу 17.30 часот на регионалниот пат село Пепелиште – Неготино, на место викано „Лака“, со товарно возило „цитроен џампер“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во 75 – годишната А.А. од село Пепелиште и го напуштил местото.
Од здобиените повреди А.А. починала, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Извршен бил увид.
The post Загина жена откако камион удрил во неа на патот Пепелиште-Неготино – возачот избегал, но полицијата го пронајде appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде