декември 26, 2024

На 04.12.2024 во 01.40 часот на брегот на Охридското езеро во близина на охридското село Пештани, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ од слобода ги лишија Н.Т.(67), Ѓ.Т.(64) и С.В.(77), сите од охридското село Трпејца.

При преглед во чамецот од кој излегувале на брегот на Охридското езеро, биле пронајдени и одземени три рибарски мрежи со должина од по 50 метри, 145 парчиња риба белвица и грунец со вкупна тежина од над 10 килограми, како и риболовен алат.

Увид на местото извршил инспектор од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Запад и по консултации со јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Полицијата на тројца охриѓани им го прегледала чамецот, еве што нашла во него appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK