Промоција на археолошкиот труд „Охридска археолошка азбука“ под покровителство на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, дело големо по значење за мали ученици и бесплатно доделено на 700 третоодделенци од охридските основни школи.
Древниот Охрид е бедем на македонскиот национален идентитет, научен и културен центар кој ја промовира Македонија како земја која доследно се грижи за своето, минато, сегашност и иднина. те.
,,Охридската археолошка азбука“ со бројни илустрации и шаренило на околу 80 страници е богата со скапоцени содржини. Во трудот има 89 археолошки поими, а 26 се однесуваат за Охрид. Децата ќе ги прошират своите знаења за што е Археологија, Базилика, Византија, Глаголица, Дасарети, Ѓакон, Евангелие, Житие, Залив на коските, Свонлик кратер, Имарет, Јазик старословенски, Кадмо, Лихнидос и ред други поими.
Автори на „Охридската археолошка азбука“ се факултетските професори д-р Антонио Јакимовски, д-р Елизабета Томевска-Илиевска, м-р Маја Јаневска и младиот археолог Иван Малезанов.
Модератор на промоцијата беше Весна Јованоска, а свои обраќања имаа Градоначалникот, промоторот на трудот археологот Паско Кузман, д-р Марјан Јованов во улога на рецезент, авторите и проф. д-р Ана Фрицханд.
Следете не, не има насекаде