мај 5, 2026

По спроведена истрага, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднел Обвинителен акт против две лица кои се товарат дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и со став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, обвинетите на 17 октомври биле откриени дека во стан на улицата „Саса 18“ заедно држеле поголемо количество на огнено оружје и муниција, вклучувајќи и оружје кое на граѓаните им е забрането.

-Полицијата кај нив пронашла една автоматска пушка со две рамки, еден револвер марка „Smith & Weson 5“, еден пиштол марка „Sig Suer“ P 226, еден пиштол марка „P.Bereta“ , една ловна пушка марка „ТОZ” и вкупно 414 куршуми со различен калибар, се наведува во соопштението.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети.

The post Обвинение против две лица за поседување поголемо количество оружје и муниција во Скопје appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK