мај 5, 2026

Принцот Хари неодамна беше гостин на самитот DealBook на Њујорк Тајмс. Таму, колумнистот Ендрју Рос Соркин го праша за гласините околу неговиот брак со Меган Маркл.

„Излегува дека сме купиле куќа или сме се преселиле 10, 12 пати. Се разведувавме исто толку пати. Тешко е да се следи сето тоа, па најдобро е да се игнорира. Најмногу ми е жал за троловите бидејќи тие имаат свои очекувања кои потоа не се исполнуваат“, коментира Хари.

Тој додаде дека смета и дека неговиот разговор со Соркин ќе биде искривен бидејќи ќе се прошири низ медиумите. „Можеби ќе те тролаат и тебе. Се извинувам за тоа, но ме покани, па не сум јас виновен”, се пошегувал принцот.

Веќе некое време се шпекулира за проблеми во бракот на Хари и Меган. Имено, неколку пати можевме да видиме дека сопружниците се појавуваат одвоено на јавни настани.

Share

The post (Видео) Долго време се шушка за проблеми меѓу Хари и Меган, се огласи и принцот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK