мај 5, 2026

Асот на Интер Мајами, Лионел Меси е добитник на наградата за најдобар играч во МЛС лигата, именувана по Лендон Донован, поранешен репрезентативец на САД.

Аргентинецот одигра 19 натпревари бидејќи го пропушти поголемиот дел од сезоната поради повреда во финалето на Копа Америка, а 37-годишниот фудбалер успеа да постигне 20 гола и да даде 16 асистенции, со што е петти на вечната листа на гол придонеси во професионалното клупско натпреварување на Северна Америка.

Лигашкиот дел имаше 34 натпревари, а избраниците на Меси беа елиминирани во првото коло од плеј-офот од Атланта Јунајтед со победа од 2:1 во серија. Тоа беше откако постигнаа рекордни 74 поени пред плеј-офот.

Право на избор за наградата МВП имаат индивидуални играчи, членови на стручни штабови и новинари на избрани медиуми. Меси освои 38,43 отсто од гласовите, а белгискиот центарфор Кристијан Бентеке (ДЦ Јунајтед, 25 гола и пет асистенции) немаше драстично помалку – 33,70.

Share

The post Меси МВП и покрај тоа што половина од сезоната не играше appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK