мај 5, 2026

Полицијата привела петмина малолетници од Куманово, кои во понеделникот нападнале нивни врсници во центарот на Куманово.

„Тие се сомничат дека на 02. декември на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово физички нападнале неколку други малолетници. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, соопшти МВР.

Еден од нападнатите средношколци се здобил со повреда на главата од метален боксирач, по што побарал лекарска помош.

Нападот се случил додека учениците чекале автобус пред зградите на т.н. Серава, каде наишла група од млади луѓе со маски фантомки на главите. Прво дошло до меѓусебни дофрлања, по што настанала тепачка.

The post Ученици нападнати од група млади лица со фантомки додека чекале автобус appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK