32-годишен жител на Арачиново вчера пријавил во полиција дека додека се движел со автомобил кај Бит-пазар, бил запрен од двајца непознати луѓе кои се обиделе да го извлечат од возилото и да го нападнат. Тогаш тој извадил пиштол и испукал двапати во воздух, по што двајцата напаѓачи избегале, соопшти МВР.
Од полицијата велат дека во инцидентот нема повредени.
Известен бил jавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
The post Драма на Бит-пазар: Двајца запреле автомобил и сакале да го извлечат возачот, тој пукал во воздух appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде
