мај 5, 2026

Група граѓани во знак на протест денеска ја блокираа улицата од Стајковци до Ченто поради прекин на електрична енергија.

Од ЕВН ја потврдија информацијата за 360 Степени, со образложение дека во селото Сингелиќ настанал дефект на среднонапонски кабел, како резултат на долгогодишните нелегални приклучувања и неконтролираното трошење на струјата.

„На оваа локација често има прекини во снабдувањето поради преоптоварување на мрежата. Екипите на Електродистрибуција ги санираат, но истите се повторуваат. Овој пат дефектот е посериозен и ќе одземе повеќе време од вообичаеното за санација“, се вели во реакцијата на ЕВН за 360 Степени.

На реконструкција и модернизирање на мрежата во Сингелиќ се работи повеќе од две години и иако поголем дел од проектот е реализиран, преостанати се над 100 објекти. За нив, од ЕВН велат, отежнато е работењето на вработените во Електродистрибуција.

„Токму во овие објекти живеат и работат жители кои им го отежнуваат секојдневното работење на вработените на Електродистрибуција, или пак целосно им забрануваат пристап во одредени клучни локации. Вработените често се соочуваат со вербални и физички напади“, велат од ЕВН.

The post Протест во Сингелиќ поради прекин на струјата, од ЕВН велат дефектот е поради нелегални приклучувања appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK